34 Ти набљудуваше: одненадеж се одвали камен а да не го допре рака, па удри во кипот, во стапалата од железо и глина, та го скрши.
35 Тогаш наеднаш се здроби железото и глината, бронзата, среброто и златото, и сè стана како плева на гумно лете, и ветерот го однесе сето без трага. А каменот што удри во кипот стана голема гора та ја наполни сета земја.
36 Тоа беше сонот; а неговото значење ќе го кажеме пред царот.”
37 „Ти, цару, цару над царевите, кому Небесниот Бог му даде царство сила, моќ и слава, -
38 во чии раце ги стави, каде и да се нашле човечките синови, полските животни, небесните птици, и те постави господар над сè тоа - ти си главата од злато.
39 По тебе ќе настане друго царство, послабо од твоето, па трето, од бронза, кое ќе господари со сета земја.
40 А четвртото царство ќе биде цврсто како железо, како железо што сотрува и здробува сè; како железо што крши, ќе ги скрши и ќе ги разбие сите оние царства.