Даниел 2:35-41 MKB

35 Тогаш наеднаш се здроби железото и глината, бронзата, среброто и златото, и сè стана како плева на гумно лете, и ветерот го однесе сето без трага. А каменот што удри во кипот стана голема гора та ја наполни сета земја.

36 Тоа беше сонот; а неговото значење ќе го кажеме пред царот.”

37 „Ти, цару, цару над царевите, кому Небесниот Бог му даде царство сила, моќ и слава, -

38 во чии раце ги стави, каде и да се нашле човечките синови, полските животни, небесните птици, и те постави господар над сè тоа - ти си главата од злато.

39 По тебе ќе настане друго царство, послабо од твоето, па трето, од бронза, кое ќе господари со сета земја.

40 А четвртото царство ќе биде цврсто како железо, како железо што сотрува и здробува сè; како железо што крши, ќе ги скрши и ќе ги разбие сите оние царства.

41 Стапалата што ги виде, делумно од глина а делумно од железо се поделеното царство; ќе имаат нешто од цврстината на железото според што си видел железо измешано со глина.