Даниел 2:7-13 MKB

7 Тие одговорија: „Царот нека им го каже сонот на своите слуги, а ние ќе му го откриеме неговото значење.”

8 А царот рече: „Јас знам добро дека сакате да добиете во време, зашто знаете дека мојата одлука е неизменлива.

9 Ако не ми кажете што сум сонувал, значи дека имате намера да ме измамувате со измамливи зборови и со измислици додека некако не помине времето. Затоа, кажете ми го мојот сон, па ќе знам дали ќе можете да ми го кажете и неговото значење!”

10 Халдејците одговорија пред царот: „Нема човек во светот кој би можел да му открие нешто такво на царот. И затоа ниеден цар, ма колку да е голем и силен, не бара такво нешто од волшебниците, гаталците или ѕвездарите.

11 Тоа што го бараш, цару, тешко е, и нема никој што би можел да му го открие тоа на царот освен боговите, кои не живеат меѓу смртниците.”

12 Тогаш царот се разгневи многу и се налути та нареди да ги погубат сите вавилонски мудреци.

13 Откако беше објавена наредбата за да бидат убиени мудреците ги побараа Даниела и неговите другари за да ги погубат.