Даниел 3:3-9 MKB

3 Тогаш се собраа сатрапите, намесниците, управителите, советниците, ризничарите, судиите и законопознавачите и сите намесници на покраинската власт на откривањето на кипот што го подигна царот Навуходоносор. И застанаа пред кипот што го подигна Навуходоносор.

4 Тогаш силно извика гласникот: „О народи, племиња и јазици, еве, што ви се наредува:

5 во часот кога ќе ги чуете звуците на рогот, на кавалот, на харфата, на китарата, на псалтирот, на гајдата и на секакви други свиралки, паднете на земјата и поклонете му се на златниот кип што го подигна царот Навуходоносор!

6 Кој не ќе падне на земја и не ќе се поклони веднаш ќе биде фрлен во вжарена печка.”

7 Затоа, штом го слушнаа звукот на рогот, на кавалот, на харфата, на китарата, на псалтирот, на гајдата и на секакви други свиралки, паднаа на земјата сите народи, племиња и јазици, поклонувајќи му се на златниот кип што го подигна царот Навуходоносор.

8 Тогаш дојдоа некои Халдејци и ги оптужија Јудејците.

9 Му рекоа на царот Навуходоносор: „О цару, жив да си довека!