1 Навуходоносор, цар на сите племиња, народи и јазици по сета земја: „Да изобилувате со мир!
2 Ми се допадна да ви ги откријам знаците и чудесата што Сèвишниот Бог ги направи врз мене.
3 Колку се големи Неговите знакови! Колку се силни Неговите чудеса! Неговото Царство - е вечно Царство! Неговата власт е за сите поколенија!
4 Јас, Навуходоносор, живеев мирно во својата куќа и среќно во својот дворец,
5 кога видов сон што ме исплаши. Привидите и виденијата што се мотаа во мојата глава, на моето легло ме возбудија.
6 И наредив: да ми ги повикаат сите гаталци вавилонски за да ми кажат што означува сонот.
7 Тогаш дојдоа јасновидците, маѓепсниците, Халдејците и гледачите и јас им го кажав својот сон, а тие не знаеја да ми го кажат неговото значење.