Даниел 4:24-30 MKB

24 ова е значењето, о цару, одлуката на Сèвишниот што ќе се исполни врз мојот господар цар:

25 Ќе те протерат од друштвото на луѓето, и ќе престојуваш со полските животни; ќе се храниш со трева како говедата, тебе ќе те мие небесната роса; седум времиња ќе поминат над тебе додека не познаеш дека Сèвишниот има власт над човечкото царство и дека го дава кому што Тој сака.

26 А што е речено: ‘Оставете ги пенушката и корењата’ - твоето царство ќе се обнови штом ќе сознаеш дека небесата ја имаат сета власт.

27 Затоа, цару, мојот совет нека ти биде мил: искупи ги своите гревови со правда и своите беззаконија со милосрдие спрема бедните, за да ти продолжи мирот.”

28 Сè тоа му се случи на царот Навуходоносор.

29 Дванаесет месеци подоцна, шетајќи по вавилонскиот царски дворец,

30 царот велеше: „Не е ли тоа големиот Вавилон што јас го изградив за да ми биде царска престолнина - со силата на својата моќ, за слава на моето величество?”