Даниел 5:21-27 MKB

21 Беше протеран од човечкото општество и неговото срце стана слично на животинското: престојуваше со диви ослици; јадеше трева како вол; небесната роса го миеше неговото тело, додека не созна дека Сèвишниот Бог има власт над човечкото царство и дека го става на чело оној кого што Тој сака.

22 Но ти, Валтазаре, сине негов, не го понижи своето срце иако го знаеше сè ова:

23 ти се издигна против Небесниот Господ, нареди да ти ги донесат посатките од Неговиот Храм и пиевте вино од нив, ти, твоите големци, твоите жени и твоите соложници, фалејќи ги боговите од злато и сребро, од бронза и железо, од дрво и камен кои не гледаат, не слушаат, ниту разбираат, а не Му даде слава на Бога Кој во Својата рака ги држи твојот здив и сите твои патишта.

24 И затоа Тој ја испрати оваа рака, која го напиша ова писмо.

25 А еве што е напишано: Мене, Мене, Текел, Уфарсин.

26 А тие зборови значат: Мене: Господ го измери твоето царство и му ставил крај:

27 Текел: беше мерен врз мерилка и најден си прелесен;