Даниел 5:4-10 MKB

4 Пиеја вино и ги славеа своите богови од злато и сребро, од бронза и железо, од дрво и камен.

5 Одненадеж се појавија прсти на човечка рака кои почнаа да пишуваат, спроти големиот светилник, по варосаниот ѕид на царскиот дворец, и царот ја виде дланката на раката што пишуваше.

6 Царот пребледе, мислите го смутија, зглобовите на неговите колкови попуштија, и колената почнаа да му удираат едно со друго.

7 Гласно ги повика волшебниците, ѕвездарите и гаталците. И царот им рече на вавилонските мудреци: „Кој ќе го прочита ова писмо и му ја открие неговата смисла, ќе биде облечен во црвено сукно, ќе носи златна веришка околу вратот, и ќе биде трет во царството.”

8 Сите цареви мудреци пристапија, но не можеа да го прочитаат писмото, ниту да му го откријат значењето.

9 Царот Валтазар се исплаши многу заради тоа, пребледе, а неговите големци останаа збунети.

10 Царицата откако ги чу зборовите на царот и на големците, влезе во гозбената дворница и рече: „Цару, жив да бидеш довека! Твоите мисли нека не се возбудуваат и твоето лице нека не бледнее!