Даниел 5:8-14 MKB

8 Сите цареви мудреци пристапија, но не можеа да го прочитаат писмото, ниту да му го откријат значењето.

9 Царот Валтазар се исплаши многу заради тоа, пребледе, а неговите големци останаа збунети.

10 Царицата откако ги чу зборовите на царот и на големците, влезе во гозбената дворница и рече: „Цару, жив да бидеш довека! Твоите мисли нека не се возбудуваат и твоето лице нека не бледнее!

11 Во твоето царство има човек во кого е Духот на Светиот Бог. Уште во времето на твојот татко се најде во него светлина, разум и мудрост слична на мудроста на боговите. И затоа царот Навуходоносор, твојот татко, го назначи за старешина на волшебниците, гаталците, ѕвездарите и мудреците.

12 Бидејќи во тој Даниел - кого царот го нарече Валтазар - се најде вонреден дух, знаење, бистрина, вештина да ги толкува соништата, да ги решава гатанките и да ги разрешува тешкотиите, затоа повикај го Даниела, и тој ќе ти го каже значењето.”

13 Го доведоа Даниела пред царот, а царот го праша: „Дали си ти Даниел, еден од јудејските заточеници, кои татко ми, царот ги доведе од Јудеја?

14 Слушам дека Божјиот Дух е во тебе и дека во тебе се: светлината, разумот и вонредната мудрост.