1 Во првата година на Валтазар, вавилонскиот цар, Даниел сонуваше сон: пророчки виденија во главата на постела. Скратено запиша што сонувал.
2 „Ноќе во видение погледнав: кога ете: четири небесни ветрови го разбрануваа Големото Море.
3 Четири големи чудовишта излегоа од морето, секое поинакво. Првото беше како лав, а крилата му беа орловски.
4 Додека го набљудував, крилата му се искубаа, тоа се крена од земјата и се исправи на нозе како човек, и му беше дадено човечко срце.