Даниел 7:10-16 MKB

10 Огнена река течеше, извираше пред Него. Илјада илјади му служеа, десет илјади по десет илјади стоеја пред Него, судот седна, книжните свитоци се одвиткаа.

11 Тогаш јас гледав, заради вревата на големите хули што ги зборуваше рогот, и додека гледав, чудовиштето беше убиено, неговото тело раздробено и предадено на оган.

12 На другите чудовишта власта им беше одземена, но должината на животот им беше едно време и рок.

13 Гледав во ноќни виденија: и ете на небесните облаци доаѓа како Човечкиот Син. Тој Му се приближи на Прадревниот, и Го доведоа кај Него.

14 Нему Му беше предадена власта, честа на царството, за да Му служат сите народи, племиња и јазици. Неговата власт е вечна власт и никогаш нема да помине, Неговото Царство нема да пропадне.

15 Мене, на Даниел, ми се смути заради тоа сиот дух, виденијата на мојата глава, ме исплашија сиот.

16 Му пристапив на еден од оние кои што стоеја таму и го замолив да ми ја каже вистината за сè тоа. Тој ми одговори и ми го кажа значењето: