Даниел 7:14-20 MKB

14 Нему Му беше предадена власта, честа на царството, за да Му служат сите народи, племиња и јазици. Неговата власт е вечна власт и никогаш нема да помине, Неговото Царство нема да пропадне.

15 Мене, на Даниел, ми се смути заради тоа сиот дух, виденијата на мојата глава, ме исплашија сиот.

16 Му пристапив на еден од оние кои што стоеја таму и го замолив да ми ја каже вистината за сè тоа. Тој ми одговори и ми го кажа значењето:

17 ‘Оние четири големи чудовишта се четири цара кои ќе се дигнат на земјата.

18 Но од нив царството ќе го преземат Светите на Сèвишниот, и тие ќе го владеат во векови на вековите.’

19 Тогаш посакав да ја научам вистината за четвртото чудовиште за она што се разликуваше од сите други, беше извонредно страшно, имаше железни заби и бронзени кан?и и кое јадеше и здробуваше и со нозете газеше што ќе останеше;

20 и за десетте рогови што беа на неговата глава, и за другиот рог што израсте додека првите три отпаднаа - за рогот што имаше очи и уста која зборуваше големи хули и што беше поголем од другите рогови.