Даниел 7:22-28 MKB

22 додека не дојде Прадамнешниот, Кој им ја досуди правдата на Светите на Сèвишниот, и додека не дојде време кога Светите го завладеаја царството.

23 Тој рече: ‘Четвртото чудовиште ќе биде четврто царство на земјата, различно од сите царства. Ќе ја голтне целата земја, ќе ја згази и ќе ја здроби.

24 А десетте рогови: Од ова царство ќе настанат десет цареви, а по нив ќе се подигне еден друг различен од оние први - и ќе обори три цара.

25 Тој ќе хули на Сèвишниот, ќе ги сотрува Светите на Сèвишниот; ќе помислува да ги измени времињата и Законот, и Светите ќе бидат предадени во негови раце за едно време и за две времиња и за половина време.

26 Тогаш Судот ќе седне, ќе му ја одземе власта, ќе ја разурне, ќе ја уништи сосем.

27 А царството, власта и величеството под сите небеса, ќе им се даде на народот на Светите на Сèвишниот. Неговото Царство е вечно Царство, и сите власти ќе Му служат и ќе Му се покоруваат Нему.’

28 Тука се завршува словото. Јас, Даниел, бев мошне потресен во своите мисли, и лицето ми пребледе, но сè ова го запазив во своето срце.”