Ездра 10:27-33 MKB

27 Малух, Харим, Вана.

28 Но и другиот народ, свештениците, левитите - вратари, пејачите, нетинците - и сите, кои според Божјиот Закон се оддвоиле од земните народи, а и нивните жени, синови и ќерки сите, кои беа способни да разберат,

29 им се приклучија на своите браќа и на главатарите та се обврзаа со проклетство и со заклетва дека ќе одат според Божјиот Закон, кој е даден преку рацете на Мојсеј, Божјиот слуга, и дека ќе ги пазат и ќе ги извршуваат сите заповеди на Господа, на нашиот Бог, Неговите наредби и закони.

30 И особено: дека нема да им ги даваме нашите ќерки на земните народи, и дека не ќе ги земаме нивните ќерки за своите синови.

31 И ако народите на земјата донесат стока или какво и да е жито во саботен ден, ние не ќе купуваме ништо од нив во сабота, ни во друг посветен ден. Секоја седма година ќе ја оставаме земјата да си почине, и ќе ги проштаваме долговите од секаков вид.

32 Зедовме како обврска: дека секоја година ќе даваме третина од шекел за богослужба во Домот на својот Бог:

33 за лебни приноси, за постојаните приносници и за секојдневните паленици за жртвите: саботни, на младата месечина, на празниците, за светите нешта и за жртви за грев за да се очисти Израел; и за секоја служба во Домот на нашиот Бог.