Ездра 10:34-39 MKB

34 Ние свештениците, левитите и народот фрливме жрепка за придонесот од дрва, што треба во одреден ден, секоја година според своите семејства, да го донесуваме во Домот на нашиот Бог за огнот на жртвеникот на Господа, нашиот Бог, како што е запишано во Законот;

35 дека во секоја година ќе донесуваме во Господовиот Дом првини од плодовите на земјата и од првите плодови на секое дрво,

36 и првородените синови и првенците од својот добиток, како што е напишано тоа во Законот, првородените од крупниот добиток и од ситниот нека се однесуваат во Домот на нашиот Бог, зашто им се одредени на свештениците, кои служат во Домот на нашиот Бог.

37 Освен тоа првините од житото од плодовите на секое дрво, од младото вино и од маслото, ќе им ги носиме на свештениците во собите на Домот на нашиот Бог; а десетокот од својата земја на левитите, зашто левитите го земаат десетокот во сите места каде што работиме.

38 Свештеникот, синот Аронов, нека ги придружува левитите при собирање на десетокот. Левитите нека донесуваат десеток од десетокот во Домот на нашиот Бог, во собите на ризницата,

39 зашто Израелците и левитите се должни да донесуваат таму придонес од жито, од вино и од масло. Таму се наоѓаат посатките на светилиштето, свештениците во служба, вратарите и пејачите. Нема веќе да го оставаме Домот на својот Бог.