20 на Салаевото Калај, на Амоковото Евер,
21 на Хилкиевото Асавиј, на Једаијевото Натанаил.
22 Во времето на Елијасив, Јојад, Јоанан и Јадве беше извршен попис на главатарите на левитските семејства и свештениците сè до царувањето на Дариј Персиецот.
23 Левиевите синови: главатари на семејствата беа забележани во Книжниот свиток на летописот до времето на Јоанан, синот Елијасивов.
24 Левитски главатари беа: Асавиј, Серевиј, Исус, Бинуј, Кадмиел, а нивните браќа, кои стоеја спроти нив за да пејат наизменично пофалби и благодарници според уредбите на Давид, Божјиот човек,
25 беа: Матаниј, Ваквукиј и Овадиј. А Месулам, Талмон и Акув, вратари, чуваа стража кај складот близу до вратата.
26 Тие живееја во времето на Јоаким, синот на Исуса, син Јоседеков, и во времето на управителот Неемиј и на книжевникот свештеник Езра.