29 од Вет Гилгал, од Гева и од полето Азмавет: зашто пејачите си изградија села околу Ерусалим.
30 Свештениците и левитите се очистија себе си, а потоа ги исчистија народот, вратите и ѕидот.
31 Тогаш ги искачив јудејските кнезови на ѕидот и составив два големи пејачки собири. Првиот одеше десно по ѕидот, кон Гнојната Врата;
32 по нив одеа Осај и половина од јудејските кнезови -
33 Азариј, Езра и Месулам,
34 Јуда, Венијамин, Семај и Еремиј,
35 а од свештеничките синови со рогови: Захариј, синот Јонатанов, син Семаев, син Матаниев, син Микаев, син Захуров, син Асафов,