Ездра 12:42-47 MKB

42 потоа Масиј, Семај, Елеазар, Озиј, Јоанан, Малхиј, Елам и Есер. Пејачите пееја под раководство на Езрај.

43 Во тој ден беа принесени големи жртви, луѓето и дадоа изблик на радоста, зашто Бог ги беше исполнил со голема радост; се веселеа и жените и децата. И радоста на Ерусалим се слушаше надалеку.

44 Во тоа време беа поставени луѓе да ги надгледуваат клетовите во кои се оставаа приносите, првините, десетоците, и да ги собираат, од полињата покрај градовите, деловите кои Законот им ги доделува на свештениците и левитите. Зашто Јудејците им се радуваа на свештениците и левитите, кои беа во служба.

45 Тие вршеа служба на својот Бог и служба за очистување - како и пејачите и вратарите - според одредбата на Давида и на неговиот син Соломон.

46 Зашто од Давидовите и од Асафовите денови, од дамнина постојат пејачки главатари и песни за фала и слава на Бога.

47 Затоа сиот Израел во времето на Зоровавел и во Неемиевото време даваше, ден по ден, делови одредени за пејачите и вратарите, а левитите им даваа на Ароновите потомци.