8 А левити: Исус, Винуј, Кадмил, Серевиј, Јуда, Матаниј - овој последниот и неговите браќа управуваа со песните.
9 Ваквукиј и Униј и нивните браќа се сменуваа со нив во службата.
10 На Исуса му се роди Јоаким; на Јоакима му се роди Елијасив, а на Елијасива - Јојад;
11 на Јојада му се роди Јонатан а на Јонатана му се роди Јаду.
12 Во Јоакимовото време главатари на свештеничките семејства беа: на Сераиното семејство Мерај; на Еремиевото Ананиј;
13 на Езриното Месулам; на Амариевото Јонатан;
14 на Мелихуевото Јонатан; на Севаниевото Јосиф;