Ездра 3:1-6 MKB

1 Тогаш стана велесвештеникот Елијасив со своите браќа свештеници та ја изградија Овчата Врата. Ја осветија, и ги ставија крилата, и продолжија да градат сè до стражарницата Меја и до Ананеиловата Стражарница.

2 Покрај нив ѕидаа Ерихонците, а до нив ѕидаше Захур, Имриевиот син.

3 Асенаиновите синови ја ѕидаа Рибната Врата, ги ставија довратниците, ги зацврстија крилата, клучалките и лостовите.

4 Покрај нив поправаше Меримот, синот Уриев, син Акосов; а до него поправаше Месулам, синот Варахиев, син Месизавеилов; а до него поправаше Садок, Ваниниот син.

5 Покрај нив поправаа Текојците, ама нивните племенски главатари одбија да го спрегнат вратот во служба на својот Господ.

6 Старата Врата ја поправаа Јодај, синот Фесеев, и Месулам, Весодиевиот син. Тие ги ставија довратниците, ги зацврстија крилата, клучалките и лостовите.