16 По него поправаше Неемиј, синот Азвуков, главатар на половина ветсурски округ, сè до спроти Давидовата Гробница, и до вештачкиот Рибник и до Војницата.
17 По него поправаа левитите: Реум, синот Ваниев; а до него поправаше Асавиј, главатар на половина кеилски округ, за своето подрачје.
18 До нив поправаа нивните браќа: Вавај, синот Инададов, главатар на половина кеилски округ;
19 а до него Есер, Исусовиот син, главатар на Миспа, го поправаше вториот дел, спроти нагорницата кон Оружницата на аголот.
20 По него поправаше Варух, синот Заваев, и го поправи вториот дел, од аголот до куќната врата на големиот свештеник Елијасив.
21 По него поправаше Меримот, синот Уриев, син Акосов, вториот дел: од Елијасивовиот куќен влез до крајот на Елијасивовата куќа.
22 По нив работеа на поправките свештениците кои што живееја во околината.