22 По нив работеа на поправките свештениците кои што живееја во околината.
23 По нив пак поправаа Венијамин и Асув, спроти своите куќи. По нив поправаше Азариј, синот Аманиев, син Масиев, спроти својата куќа.
24 По него поправаше Винуј, Инададовиот син, вториот дел - од Азариевата куќа до аголот, до ѕидниот венец.
25 Фалал, Узаевиот син, поправаше спроти аголот и спроти стражарницата, што се издига над Горниот Царски Дворец, а се наоѓа спроти дворот на темницата. По него Федај, Фаросовиот син, поправаше
26 сè до Водната Врата, во насока кон исток, и сè до пред Воздигнатата Стражарница.
27 По нив поправаа Текојците - вториот дел спроти Воздигнатата Стражарница, сè до Офилскиот Ѕид.
28 Од Коњската Врата поправаа свештениците, секој спроти својата куќа.