Ездра 3:5-11 MKB

5 Покрај нив поправаа Текојците, ама нивните племенски главатари одбија да го спрегнат вратот во служба на својот Господ.

6 Старата Врата ја поправаа Јодај, синот Фесеев, и Месулам, Весодиевиот син. Тие ги ставија довратниците, ги зацврстија крилата, клучалките и лостовите.

7 А покрај нив обновуваа Гаваонецот Мелатиј и Меронотецот Јадон, и луѓето од Гаваон и Миспа, подложници на управителот од онаа страна на Реката.

8 А до нив поправаше Узил, Арахевиот син, златар, а до него поправаше Ананиј, еден од билјарите; тие го утврдија Ерусалим сè до Широкиот Ѕид.

9 До нив поправаше Рефај, Оровиот син, главатар на половина ерусалимски округ.

10 А до него поправаше Едај, Арумафовиот син, пред својата куќа; а до него поправаше Хатус, Асаниевиот син.

11 Малхиј, синот Харимов, и Асув, синот Фат-Моавов, поправаа сè до Пекќината Стражарница.