Ездра 3:7-13 MKB

7 А покрај нив обновуваа Гаваонецот Мелатиј и Меронотецот Јадон, и луѓето од Гаваон и Миспа, подложници на управителот од онаа страна на Реката.

8 А до нив поправаше Узил, Арахевиот син, златар, а до него поправаше Ананиј, еден од билјарите; тие го утврдија Ерусалим сè до Широкиот Ѕид.

9 До нив поправаше Рефај, Оровиот син, главатар на половина ерусалимски округ.

10 А до него поправаше Едај, Арумафовиот син, пред својата куќа; а до него поправаше Хатус, Асаниевиот син.

11 Малхиј, синот Харимов, и Асув, синот Фат-Моавов, поправаа сè до Пекќината Стражарница.

12 А до нив поправаше Салум, синот Лоисов, главатар на половина ерусалимски округ, тој и неговите ќерки.

13 Долинската Врата ја поправаа Анун и жителите на Заноја: ги изградија, ги зацврстија крилата, клучалките и лостовите, и поставија илјада лакти ѕид до Вратата на Буништето.