1 Се крена голема викотница меѓу мажите и жените против нивните браќа Евреите.
2 Едни велеа: „Ги заложуваме своите синови и ќерки, за да можеме да набавиме пченица та да јадеме и да живееме.”
3 Други велеа: „Ги заложуваме своите полиња, своите лозја и своите куќи, за да можеме да набавиме пченица за време на гладот.”
4 Други пак велеа: „Треба да земеме пари за нашите полиња и лозја, за да можеме да ги исплатиме царските даноци.
5 Нашето тело е како телото на нашите браќа, нашите синови како и нивните, а ние треба да ги продаваме во ропство своите синови и ќерки; некои меѓу нашите ќерки веќе се робинки! А ние не можеме ништо, зашто нашите ниви и лозја ги држат други.”