Ездра 5:11-17 MKB

11 Вратете им ги и вие уште денес нивните ниви, лозја, маслиновите градини и нивните куќи, и простете им го стотиот дел во сребреници, во жито, во вино, во масло, што им го наметнавте”.

12 А тие одговорија: „Ќе вратиме; не ќе бараме ништо од нив. Ќе направиме како што рече”. Тогаш ги повикав свештениците и им наредив да се заколнат дека ќе направат како што ветија.

13 Потоа ги истресов скутовите на својата облека, говорејќи: „Бог нека го истресе вака од сопствената куќа и од имотот секој човек, кој не ќе се држи за ова ветување! Така да биде истресен и испразнет!” А сиот собир одговори: „Амин!” фалејќи Го Господа. И народот направи според овој договор.

14 И од денот кога царот ми нареди да бидам управител во Јудината Земја, од дваесеттата до триесет и втората година на Артаксерксовото царување, дванаесет години јас и моите браќа никогаш не јадевме управителски леб.

15 Но поранешните управители, моите претходници, го угнетуваа народот: секој ден земаа од него по четириесет сикли сребро за леб и вино; и нивните слуги го угнетуваа народот. А јас никогаш не правев така, заради Божјиот страв.

16 Туку работев и при градењето на ѕидот, и не купив ниедна нива! Сите мои момчиња беа собрани на работа таму.

17 Покрај мојот стол јадеа Јудејците и првенците, сто и педесет однив на број, освен оние кои доаѓаа кај нас од околните народи.