Ездра 5:14-19 MKB

14 И од денот кога царот ми нареди да бидам управител во Јудината Земја, од дваесеттата до триесет и втората година на Артаксерксовото царување, дванаесет години јас и моите браќа никогаш не јадевме управителски леб.

15 Но поранешните управители, моите претходници, го угнетуваа народот: секој ден земаа од него по четириесет сикли сребро за леб и вино; и нивните слуги го угнетуваа народот. А јас никогаш не правев така, заради Божјиот страв.

16 Туку работев и при градењето на ѕидот, и не купив ниедна нива! Сите мои момчиња беа собрани на работа таму.

17 Покрај мојот стол јадеа Јудејците и првенците, сто и педесет однив на број, освен оние кои доаѓаа кај нас од околните народи.

18 Секој ден се готвеше на моја сметка едно говедо, шест одбрани овци и птици; а на секои десет денови беше донесувано изобилно вино за сите. А пак никогаш не го барав управителскиот данок за леб, зашто народот веќе беше оптеретен тешко.

19 Спомни си, Боже мој, за мое добро заради сè што му сторив на овој народ.