1 А кога ѕидот беше изграден и кога ги наместив вратните крила, беа поставени чувари при вратите, и пејачи и левити.
2 Управата на Ерусалим им ја доверив на својот брат Ананиј, и на заповедникот на тврдината Ананиј, зашто овој беше човек на верност и се боеше од Бога повеќе од другите.
3 Им реков: „Ерусалимските врати нека не се отвораат додека не огрее сонцето; а додека е тоа уште високо, нека ги затворат и нега ги префрлат лостовите. Треба да се постават стражи од ерусалимските жители: секого на неговото место, секого спроти неговата куќа.”
4 Градот беше широк и голем, но во него имаше малку жители, зашто немаше изградени куќи.
5 А мојот Бог ме вдахна, та ги собрав големците, главатарите и народот за да бидат внесени во родовниците. Тогаш го најдов родовникот на оние, кои се вратиле порано. Во него најдов запишано:
6 Еве ги луѓето од покраината, кои дојдоа од заточение во кое ги беше одвел Навуходоносор, вавилонскиот цар. Се вратија во Ерусалим и во Јудеја, секој во својот град.