5 А мојот Бог ме вдахна, та ги собрав големците, главатарите и народот за да бидат внесени во родовниците. Тогаш го најдов родовникот на оние, кои се вратиле порано. Во него најдов запишано:
6 Еве ги луѓето од покраината, кои дојдоа од заточение во кое ги беше одвел Навуходоносор, вавилонскиот цар. Се вратија во Ерусалим и во Јудеја, секој во својот град.
7 Дојдоа со Зоровавел, со Исус, со Неемија, со Азариј, со Рамиј, со Наманиј со Мардохеј, со Вилсан, со Мисперет, со Вигвај, со Беум и со Ван. Број на луѓето на Израелевиот народ:
8 Фаросови синови: две илјади сто и седумдесет и два;
9 Сефатиови синови: триста седумдесет и два;
10 Арахови синови: шест стотини педесет и два!
11 Фат-Моавови синови: односно Исусови и Јоавови синови: две илјади осум стотини и осумнаесет;