63 А од свештениците: Аваини синови, Акосови синови, синовите на Варзелај - оној кој се ожени со една од ќерките на Галадецот Варзелај па го зеде неговото име.
64 Овие луѓе го бараа својот запис во родовниците, но не можеа да го најдат: беа исклучени од свештенството,
65 и намесникот им забрани да јадат од светините сè додека не се појави свештеник на Урим и Тумим.
66 Вкупно во собирот беа: четириесет и две илјади и триста шеесет личности,
67 не сметајќи ги нивните слуги и слугинки, кои беа седум илјади триста триесет и седум. Беа уште и двеста четириесет и пет пејачи и пејачки,
68 седум стотини и шест коњи, двеста четириесет и пет мазги,
69 четири стотини триееет и пет камили и шест илјади и седум стотини и дваесет ослици.