1 По смртта на Господовиот слуга, Мојсеј, Господ му рече на Исуса, синот Навинов, на Мојсеевиот помошник:
2 „Мојот слуга Мојсеј почина; затоа сега стани, помини преку тој Јордан, ти и сиот тој народ, во земјата што им ја давам на Израелевите синови.
3 Секое место на кое ќе стапне вашата нога ви го давам, како што му ветив на Мојсеја.
4 Од пустината и од Ливан па до Големата Река, реката Еуфрат, целата земја на Хетејците, и сè до Големото Море на сончевиот запад - сè тоа ќе биде ваше подрачје.