Исус Навин 12 MKB

1 Овие се земните цареви што Израелците ги победија и ја освоија нивната земја од онаа страна на Јордан кон исток, од потокот Арнон до гората Ермон, со сета Араба на исток:

2 Сион, аморејски цар, кој престолуваше во Есевон; неговото царство се тегнеше од Ароир, што лежи на работ на долината на потокот Арнон, по средината на долината и половина од Галад па до потокот Јавок, каде што граничеше со Амонците;

3 и на исток му беше Араба до Кинеретското Море од една страна и сè до Арабјанското или Соленото Море кон Вет-Симот; и натаму кон југ до подножјето на Фасга.

4 Со него граничеше Ог, васански цар, еден од последните Рафаинци; престолуваше во Астарот и Едраин.

5 А владееше со гората Ермон и Салх, со целиот Васан сè до гесурската и махатската меѓа, па со другата половина од Галад сè до границата на Сион, есевонскиот цар.

6 Мојсеј, Господовиот слуга, и Израелевите синови сите ги погубија, и Мојсеј, Господовиот слуга, им ја предаде таа земја во сопственост на Рувимовото племе и Гадовото племе и на половината Манасиево племе.

7 А ова се земните цареви што беа победени од Исуса и од Израелевите синови од оваа страна на Јордан кон запад, од Вал Гад во Ливанската Рамница па до гората Алак, што се издига кон Сир, а таа земја Исус им ја даде во наследство на Израелевите племиња според нивните делови,

8 во Горјето, во Шефел, во Араба и по стрмнините, во Пустината па во Негев: земјата хетејска, аморејска и ханаанска, ферезејска, евејска и евусејска

9 ерихонскиот цар, еден, царот на Гај кај Ветил, еден:

10 ерусалимскиот цар, еден; хевронскиот цар, еден;

11 јармутскиот цар, еден; лахискиот цар, еден;

12 еглонскиот цар, еден: гезерскиот цар, еден;

13 давирскиот цар, еден; гадерскиот цар, еден,

14 орамскиот цар, еден; арадскиот цар, еден;

15 царот на Ливна, еден; одоламскиот цар, еден;

16 макидскиот цар, еден; ветилскиот цар, еден;

17 царот на Тапујците, еден; еферскиот цар, еден;

18 афечкиот цар, еден; саронскиот цар, еден;

19 мадонскиот цар, еден; асорскиот цар, еден;

20 симрон-меронскиот цар, еден; ахсавскиот цар, еден;

21 танашкиот цар, еден; мегидскиот цар, еден;

22 кедескиот цар, еден; јокнаемскиот цар, кај Кармел, еден;

23 дорскиот цар во Дорската Покраина, еден; гоимскиот цар во Галгал, еден;

24 тераскиот цар, еден. Вкупно триесет и еден цар.

поглавја

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24