15 сè додека Господ не им даде починка и на вашите браќа, како и вам, и додека не ја освојат земјата, што им ја дава Господ, вашиот Бог. Тогаш ќе можете да се вратите во земјата што ви припаѓа и што ви ја даде Господовиот слуга Мојсеј, на другата страна на Јордан, кон изгрејсонцето.”
16 Тие му одговорија на Исуса: „Сè што ќе ни заповедаш, ќе направиме, и каде и да нè пратиш, ќе тргнеме.
17 Како што го слушавме Мојсеја, така ќе ти се покоруваме и тебе. Само Господ, твојот Бог, нека биде со тебе, како што беше со Мојсеја!
18 Секој кој ќе им се спротиви на твоите заповеди и не ги послуша твоите зборови во сè што ќе му наредиш, нека биде погубен. Само ти биди решителен и храбар!”