Исус Навин 10:1-6 MKB

1 А кога ерусалимскиот цар Адони-Седек чу дека Исус го зазеде Гај и дека го предаде на проклето уништување, како што направи со Ерихон и со неговиот цар, и дека жителите на Гаваон склучиле мир со Израел и се вклучиле меѓу нив,

2 многу се исплаши, зашто Гаваон беше значаен како некаков царски град, поголем од Гај, а сите негови жители беа храбри борци.

3 Затоа ерусалимскиот цар Адони-Седек им порача на Оам, хевронски цар, на Пирам, јармутски цар, на Јафиј, лахиски цар и на Давир, еглонски цар:

4 ”Дојдете при мене и помогнете ми да удриме на Гаваон, зашто склучил мир со Исуса и со Израелците!”

5 Тогаш се здружија петте аморејски цареви: ерусалимскиот цар, хевронскиот цар, јармутскиот цар, лахискиот цар и еглонскиот цар; тие тргнаа и сета нивна војска, го опсадија градот Гаваон и почнаа да го напаѓаат.

6 Тогаш Гаваонците му порачаа на Исуса во логорот во Галгал: „Не напуштај ги своите слуги, туку побрзај кон нас, зашто против нас се здружија сите аморејски цареви, кои живеат во Горјето.”