Исус Навин 10:12-18 MKB

12 Во оној ден кога Господ им ги предаде Аморејците на Израелевите синови, Исус му се обрати на Господа и извика пред Израелците: „Сонце, застани над Гаваон, и месечино, над долината Еалон!”

13 И сонцето застана, и месечината се запре сè додека народот не им се одмазди на своите непријатели. Не пишува ли за тоа во книжниот свиток на Праведникот? И сонцето застана среде небо и не се навали кон запад речиси цел ден.

14 Немаше таков ден ни порано ни после, така што Господ му се одѕва на човечкиот глас. Така Господ војуваше за Израел.

15 Потоа Исус се врати, и сиот Израел со него, во галгалскиот логор.

16 А оние пет цареви избегаа и се сокрија во пештерата кај Макид.

17 Му јавија на Исуса: „Откриени се петте цареви скриени во пештерата кај Макид.”

18 А Исус рече: „Навалете големи камења на отворот на пештерата и поставете луѓе пред неа за да ја чуваат.