Исус Навин 10:13-19 MKB

13 И сонцето застана, и месечината се запре сè додека народот не им се одмазди на своите непријатели. Не пишува ли за тоа во книжниот свиток на Праведникот? И сонцето застана среде небо и не се навали кон запад речиси цел ден.

14 Немаше таков ден ни порано ни после, така што Господ му се одѕва на човечкиот глас. Така Господ војуваше за Израел.

15 Потоа Исус се врати, и сиот Израел со него, во галгалскиот логор.

16 А оние пет цареви избегаа и се сокрија во пештерата кај Макид.

17 Му јавија на Исуса: „Откриени се петте цареви скриени во пештерата кај Макид.”

18 А Исус рече: „Навалете големи камења на отворот на пештерата и поставете луѓе пред неа за да ја чуваат.

19 А вие другите не задржувајте се, туку терајте ги своите непријатели и удирајте ги од зад грб; не оставајте ги да влезат во своите градови, зашто Господ, вашиот Бог, ги предаде во ваши раце.”