Исус Навин 10:19-25 MKB

19 А вие другите не задржувајте се, туку терајте ги своите непријатели и удирајте ги од зад грб; не оставајте ги да влезат во своите градови, зашто Господ, вашиот Бог, ги предаде во ваши раце.”

20 А кога Исус и Израелевите синови ја привршија битката со тежок колеж - им избегаа само неколку преживеани во цврсти градови -

21 народот се врати здрав и цел кон Исуса во логорот во Макид. И никој веќе ни да писне против Израелевите синови.

22 Тогаш Исус рече: „Отворете го влезот на пештерата и извадете ми ги оттаму оние пет цареви.”

23 Така и направија: ги изведоа кај него од пештерата петте цареви: ерусалимскиот цар, хевронскиот цар, јармутскиот цар, лахискиот цар и еглонскиот цар.

24 А кога ги изведоа, Исус ги повика сите Израелци и им рече на војсководачите, кои го придружуваа: „Приближете се и застанете со своите нозе на вратовите на овие цареви.” Тие се приближија и им застанаа со своите нозе на вратовите.

25 Исус рече: „Не бојте се и не плашете се! Бидете храбри и смели, зашто Господ ќе им направи така на сите ваши непријатели, со кои ќе се борите.”