Исус Навин 10:30-36 MKB

30 Господ и неа и нејзиниот цар ги предаде во рацете на Израел, кој со острилото на мечот истреби сè живо во неа; не поштеди никого, а со царот на Ливна направи како и со ерихонскиот цар.

31 Потоа отиде Исус и сите Израелци од Ливна во Лахис, го опсади и го нападна.

32 Господ го предаде Лахис во рацете на Израелците, кои го освоија утреден: истепаа со острилото на мечот сè живо во него, онака како што сторија со Ливна.

33 Тогаш стана Орам, гезерскиот цар, за да му помогне на Лахис, ама Исус го порази него и неговиот народ, така што никој не преживеа.

34 Потоа Исус тргна со сите Израелци од Лахис против Еглон. Го опсадија градот и го нападнаа.

35 Го освоија уште на истиот ден и погубија сè со острилото на мечот. Сè живо предадоа на проклетото уништување, како што направија со Лахис.

36 Тогаш Исус со сиот Израел тргна од Еглон против Хеврон и го нападна.