Исус Навин 10:31-37 MKB

31 Потоа отиде Исус и сите Израелци од Ливна во Лахис, го опсади и го нападна.

32 Господ го предаде Лахис во рацете на Израелците, кои го освоија утреден: истепаа со острилото на мечот сè живо во него, онака како што сторија со Ливна.

33 Тогаш стана Орам, гезерскиот цар, за да му помогне на Лахис, ама Исус го порази него и неговиот народ, така што никој не преживеа.

34 Потоа Исус тргна со сите Израелци од Лахис против Еглон. Го опсадија градот и го нападнаа.

35 Го освоија уште на истиот ден и погубија сè со острилото на мечот. Сè живо предадоа на проклетото уништување, како што направија со Лахис.

36 Тогаш Исус со сиот Израел тргна од Еглон против Хеврон и го нападна.

37 Го освоија и погубија сè со острилото на мечот: царот и жителите во сите места што му припаѓаа, не штедејќи никого. Направи со него како со Еглон. Градот со сите свои жители му беше врачен на клетото уништување.