Исус Навин 10:38-43 MKB

38 Најпосле Исус тргна, и сиот Израел со него, против Давир, и го нападнаа.

39 Го освоија и го разурнаа; ги истепаа со острилото на мечот неговиот цар и жителите на околните места. Сето негово население му го врачија на проклетото уништување. Не поштедија никого. И Исус направи со Давир и со неговиот цар како што направи со Хеврон и со неговиот цар, со Ливна и со неговиот цар.

40 Така Исус го зазеде сиот оној крај: Горјето и Негев, Шафел и Височините - и сите нивни цареви. Не остави преживеани, туку му предаде на клето уништување сè што дишеше, како што заповеда Господ, Израелевиот Бог.

41 И ги погуби Исус сите од Кадис Варниј до Газа, и сиот крај Госен до Гаваон.

42 Исус ги зазеде одеднаш сите тамошни цареви и нивните земји, зашто Господ, Израелевиот Бог, се бореше за Израел.

43 Најпосле Исус и сиот Израел се вратија во логорот во Галгал.