Исус Навин 10:6-12 MKB

6 Тогаш Гаваонците му порачаа на Исуса во логорот во Галгал: „Не напуштај ги своите слуги, туку побрзај кон нас, зашто против нас се здружија сите аморејски цареви, кои живеат во Горјето.”

7 И Исус тргна од Галгал, а со него и сите војници, сите храбри јунаци.

8 А Господ му рече на Исуса: „Не бој се! Јас ги предадов во твои раце, и ниеден од нив не ќе устои пред тебе.”

9 И Исус удри на нив одненадеж, откако цела ноќ идеше од Галгал.

10 И Господ ги смути пред Израелците, кои ги поразија тешко кај Гаваон и ги спотераа кон стрмината по која се влегува во Веторон. Ги толчеа сè до Азика и до Макида.

11 А додека бегаа пред Израел по Веторонската Стрмина, Господ фрлаше од небото на нив град од камења сè до Азика, па гинеа. И загинаа повеќе од градот од камења, отколку што ги погубија Израелевите синови со своите мечеви.

12 Во оној ден кога Господ им ги предаде Аморејците на Израелевите синови, Исус му се обрати на Господа и извика пред Израелците: „Сонце, застани над Гаваон, и месечино, над долината Еалон!”