1 Кога го чу сè тоа Јавин, цар на Асор, ги извести: Јовав, царот на Мадона, и царот на Симрона, и царот на Ахсафа,
2 и царевите на север, во Горјето, и во Араба јужно од Хинерот, и во Шефела, и на височините на Дор спрема морето;
3 Ханаанците на исток и запад, Аморејците, Хетејците, Ферезејците и Евусејците во планините, Евејците под Ермон во земјата Миспа.
4 Сите тие излегоа со своите чети, со мноштво што беше како песок на морскиот брег, и со многу коњи и коли.
5 И така сите тие цареви се здружија и поставија логор заедно покрај водите на Мером, за да се борат против Израел.