Исус Навин 11:16-22 MKB

16 Така Исус ја зазеде целата земја: Горјето, сиот Негев и сета земја Госен, Шефел, Араба, Израелското Горје и неговите брежиња,

17 од гората Алак, што се издига кон Сир, па до Вал Гад, во ливанската рамница под планината Ермон; ги зароби сите нивни цареви, ги порази и ги погуби.

18 Исус војуваше долго време со тие цареви.

19 Немаше ниту еден град кој склучил мир со Израелевите синови, освен Евејците, кои живееја во Гаваон: сите ги зазедоа со војна.

20 Господ им ги окорави срцата, па излегоа во бој против Израел и паднаа под „херем,” проклетство без смилување, за да бидат истребени, како што Господ му заповеда на Мојсеја.

21 Во тоа време дојде Исус и ги истреби Енакимците од Горјето, од Хеврон, од Давир, од Анава, од сето Јудино Горје и од сето Израелево Горје: ги предаде на „Херем,” на уништување, нив и сите нивни градови.

22 Така не остана ниеден Енакимец во сета земја на Израелевите синови, освен во Газа, Гат и Азот.