Исус Навин 11:4-10 MKB

4 Сите тие излегоа со своите чети, со мноштво што беше како песок на морскиот брег, и со многу коњи и коли.

5 И така сите тие цареви се здружија и поставија логор заедно покрај водите на Мером, за да се борат против Израел.

6 Тогаш Господ му рече на Исуса: „Не бој се од нив, зашто утре во ова доба ќе направам сите да бидат погубени пред Израел; пресечи им ги жилите на нивните коњи, а нивните коли изгори ги со оган.”

7 Исус ги поведе против нив сите свои војници, ги нападна одненадеж при водите на Мером и удри на нив.

8 И Господ ги предаде во рацете на Израелците, па тие ги поразија и ги протераа сè до Големиот Сидон и до Мисрефот-Маим и до рамницата Миспа на исток; и така ги поразија па никој не преживеа.

9 Исус направи како што му нареди Господ: ги пресече жилите на нивните коњи, а нивните коли ги изгоре со оган.

10 Во исто време Исус се врати и го зазеде Асор, а неговиот цар го погуби со меч. Некогаш Асор им беше главен град на сите тие царства.