Исус Навин 12:1-7 MKB

1 Овие се земните цареви што Израелците ги победија и ја освоија нивната земја од онаа страна на Јордан кон исток, од потокот Арнон до гората Ермон, со сета Араба на исток:

2 Сион, аморејски цар, кој престолуваше во Есевон; неговото царство се тегнеше од Ароир, што лежи на работ на долината на потокот Арнон, по средината на долината и половина од Галад па до потокот Јавок, каде што граничеше со Амонците;

3 и на исток му беше Араба до Кинеретското Море од една страна и сè до Арабјанското или Соленото Море кон Вет-Симот; и натаму кон југ до подножјето на Фасга.

4 Со него граничеше Ог, васански цар, еден од последните Рафаинци; престолуваше во Астарот и Едраин.

5 А владееше со гората Ермон и Салх, со целиот Васан сè до гесурската и махатската меѓа, па со другата половина од Галад сè до границата на Сион, есевонскиот цар.

6 Мојсеј, Господовиот слуга, и Израелевите синови сите ги погубија, и Мојсеј, Господовиот слуга, им ја предаде таа земја во сопственост на Рувимовото племе и Гадовото племе и на половината Манасиево племе.

7 А ова се земните цареви што беа победени од Исуса и од Израелевите синови од оваа страна на Јордан кон запад, од Вал Гад во Ливанската Рамница па до гората Алак, што се издига кон Сир, а таа земја Исус им ја даде во наследство на Израелевите племиња според нивните делови,