1 Кога Исус остаре и напредна во своите години, Господ му рече: „Веќе си стар и времен, а остана многу земја за да се освои.
2 Еве ги подрачјата што уште остануваат: сите филистејски покраини и сета гесурска земја;
3 од Сиор, што е пред Египет, сè до границата на Акарон на север, а се смета како подрачје на Ханаанците; пет филистејски кнежевства: Газа, Азот, Аскалон, Гет и Акарон; потоа Авејците
4 на југ. Сета ханаанска земја од Меар што им припаѓа на Сидонците, па до Афек и до аморејската меѓа;