10 сите градови на Сион, царот аморејски, кој владееше во Есевон, сè до меѓата на Амоновите синови;
11 и Галад, и гесурската и махатската краина со сета гора Ермон, и сиот Васан до Салха;
12 а во Васан сето царство на Ог, кој владееше во Астарот и Едраин и беше последен потомок на Рафајците. Мојсеј ги победи и ги протера.
13 Ама Израелевите синови не ги истераа Гесурците и Махатците од средината на Израелците сè до денешниот ден.
14 Само на Левиевото племе не му даде наследство: Господ, Израелевиот Бог, е негово наследство, како што му рече.
15 Мојсеј му даде на племето на Рувимовите синови делови според нивните семејства.
16 Ја примија земјата од Ароир, што лежи на брегот на потокот Арнон, и од градот што е во средината на долината, и сета висорамнина кај Медева;