14 Само на Левиевото племе не му даде наследство: Господ, Израелевиот Бог, е негово наследство, како што му рече.
15 Мојсеј му даде на племето на Рувимовите синови делови според нивните семејства.
16 Ја примија земјата од Ароир, што лежи на брегот на потокот Арнон, и од градот што е во средината на долината, и сета висорамнина кај Медева;
17 Есевон со сите негови градови кои лежат на висорамнината: Девон, Вамот-Вал, Вет-Вал-Меон;
18 Јаса, Кадим, Мифат;
19 Киријатаим, Сивма, Зарет-Сар на гората над долината;
20 Вет Фегот, Аздот Фазга, Вет Есимот;