15 Мојсеј му даде на племето на Рувимовите синови делови според нивните семејства.
16 Ја примија земјата од Ароир, што лежи на брегот на потокот Арнон, и од градот што е во средината на долината, и сета висорамнина кај Медева;
17 Есевон со сите негови градови кои лежат на висорамнината: Девон, Вамот-Вал, Вет-Вал-Меон;
18 Јаса, Кадим, Мифат;
19 Киријатаим, Сивма, Зарет-Сар на гората над долината;
20 Вет Фегот, Аздот Фазга, Вет Есимот;
21 сите градови на висорамнината и целото царство на Сион, аморејскиот цар, кој владееше во Есевон. Мојсеј го победи како и мадијамските кнезови: Евија, Рекема, Сур, Ур, Рева, Сионови првенци кои живееја во таа земја;