17 Есевон со сите негови градови кои лежат на висорамнината: Девон, Вамот-Вал, Вет-Вал-Меон;
18 Јаса, Кадим, Мифат;
19 Киријатаим, Сивма, Зарет-Сар на гората над долината;
20 Вет Фегот, Аздот Фазга, Вет Есимот;
21 сите градови на висорамнината и целото царство на Сион, аморејскиот цар, кој владееше во Есевон. Мојсеј го победи како и мадијамските кнезови: Евија, Рекема, Сур, Ур, Рева, Сионови првенци кои живееја во таа земја;
22 и вражалецот Валаам, Веоровиот син, го убија Израелевите синови со острилото на мечот со другите жртви.
23 Меѓник на Рувимовите синови им беше Јордан. Тоа беше наследството на Рувимовите синови според нивните семејства: нивните градови и села.